Достапни линкови

Токио: Предлог за промена на Уставот


Јапонската владеачка партија ќе предложи промена на уставот на земјата со која би се овозможило жена да го наследи царскиот престол и царот или царицата да бидат шеф на државата. Имено, престоло наследникот принцот Нарихито има ќерка, а веќе 40 години ни една гранка од царското семејство нема машко дете. Од друга страна, царот сега е национален симбол а не и шеф на држава што по Втората Светска Војна беше единствен начин да се сочува оваа институција а истовремено да и се одземе политичкиот авторитет.
XS
SM
MD
LG