Достапни линкови

logo-print

Причините за оставката на Костов недоволно јасни


Причинатa за оставка од функцијата премиер на Хари Костов е недоволно јасно, оценуваат аналитичарите во земјава. Според нив тој имал начини да интервенира доколку имало проблеми со министрите од ДУИ.

„Секој којшто е разумен, којшто во политиката треба да ги бара вистинските причини е нејасно и не е фер. Не може да се сведе целата вина, за некои неуспеси на владата или за некои идни неуспеси на тоа дека ДУИ форсирал кадровска политика или ДУИ се занимавал коруптивни активнсоти во владата, тоа господинот Костов како екс министер за внатрешни работи требаше да го знае од порано.“

изјави Ѓунер Исмаил од Форум - центарот за стратегиски исстражувања кој додава:

„Мислам дека сепак станува збор за нешто друго. Станува збор за нова ситуација по признавањето на САД на уставното име и станува збор за нова ситуација за прегрупирање во СДСМ. Тука господин Костов не може себе си да се види или не може да се видат луѓето кои пред шест месеци го поддржаа за премиер.“

Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко правни истаржувања смета дека Костов имал механизми како да постапи доколку навистина проблемот е во ДУИ:

„Доколку тврдите дека ви се врзани рацете, а претходно не сте ги исцрпеле правните средства кои ви стојат на располагање, значи да ги разрешите министрите, па да видите, ако собранието не ги прифати тие разрешувања, тогаш да поднесете оставка и да кажете дека ви се врзани рацете. Пред надлежната институција да ви ги врзе рацете, не можете да тврдите дека нешто не сте биле во состојба да направите.“

Дека образложението на Костов е лошо бидејки посочува само на проблеми со ДУИ, вели и Назми Малики од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

„Господин Костов се појавува со една изјава како да ги наруши сите стремежи за мултиетничност и концептите о Охридкиот договор треба да бидат главни цели.“

Но, Малиќи не очекува дека во иднина да има проблеми во коалицијата.
XS
SM
MD
LG