Достапни линкови

Просперитетот не смее да се врзува за личност или партија


Бизнисмените поделени во ставот дали оставката на премиерот која автоматски повлекува и оставка на целата влада, може да влијае на бизнис тековите во државата. Ситуацијата е таква да не можеме нормално да функционираме доколку немаме блиски релации со администрацијата вели Савка Димитрова, директорка на „Европа“:

„Дефинитивно не ни одговара, зашто таква ни е државата, релативно мала, и многу сме врзани на некој начин заради некои неизградени критериуми на работа да ти е потребна комуникација со власта.“

Дел од бизнисмените со став, се ќе остане по старо:

„Не може да има никакви влијанија, зашто ќе се продолжи со работа на системот кој е лош,“

вели тодор Черепналковски директор на оранжеријата еко оаза. За бизнисмените на кој целото производство им е наменето за надворешниот пазар, оставката на премиерот нема да има никакво влијание врз нивното работење.

„Ако сака некој и во Македонија или во некоја друга држава да има просперитет не треба да го врзува за личност или партија, туку да си најде решение,“

вели Саво Станковиќ, сопственик на „Хај теч“ Корпорација. Има и бизнисмени кои сметаат дека оставката на премиерот и промената на комплетниот состав на владата може да бите продуктивно решение.

„Хари можеби грешно се однесуавше. Тие со стопанството не општеа и јавно се декларираа,“

е ставот на Живко Радевски директор на битолската млекара. Во моментов најбитно е кој Ќе го наследи премиерот во оставка Хари Костов.

„Важно е кој ќе биде после тоа и кои мерки ќе се предложат и спроведуваат за економски развој.“

А најдобро ќе беше бизнисот во Македонија воопшто да не зависеше од тоа кој е премиер, кој министер за економија, финансии, дали некој си поднел оставка или го смениле:

„Јас би била најзадоволна кога би биле тотално независни.“

Според законската регулатива Македонија новиот премиер и состав на влада неможе да ги добие порано до 30 дена.
XS
SM
MD
LG