Достапни линкови

Коалицијата ќе продолжи да функционира


Оставката на Хари Костов е избрзан чекор и обвинувањата упатени кон нашата партија не држат, изјави потпретседателот на ДУИ Рафиз Халити. Според него, понатамошното функционирање на коалицијата меѓу СДСМ ЛДП и ДУИ ќе продолжи да ја води државата и во наредниот период.

„Мислам дека обвинувањата упатени на наша адреса, се неосновани. Премиерот ја уживаше поддршката на ДУИ во неговиот пет месечен мандат и доколку имало такви девијации на нашите министри Костов требало попрано да го извести раководството на ДУИ. Што се однесува до економската ситуација не се Албанците или ДУИ виновно што Македонија се наоѓа во економска криза бидејки веќе со години нашата земја тапка во место во тој план и за овие работи виновникот треба да се бара на друго место,“

изјави Халити.

Соработката со каолиционите партнери СДСМ и ЛДП е одлична и таа ќе продолжи вели Халити:

„Мислам дека оваа владина коалиција и понатаму ќе продолжи да владее со Македонија, но се разбира со нов премиер и очекуваме што е можно побрзо нашиот партнер СДСМ да го избер својот лидер.“

И во СДСМ велат дека соработката меѓу коалиционите партнери ќе продолжи и понатаму и покрај оставката на премиерот Хари Костов:

„Тоа е оставка, како лична политичка проценка и право на премиерот Костов. Сметаме дека не би требало да има проблеми во коалицирањето со ДУИ и нашата коалиција и натаму ќе продолжи да функционира успешно, “

изјави портпаролот на СДСМ Борис Кондарко. Со сличен став и Зоран Шапуриќ од ЛДП:

„Сметам дека коалицијата меѓу СДСМ, ДУИ и ЛДП и понатаму треба да функцинира, а одредени проблеми да се решаваат во од, ако ги има.“

Од меѓународната Заедница сметаат дека и по оставката на Костов институциите во земјата ќе продолжат со имплеметацијата на Охридкиот Договор.

„Ова навистина е дел од демократијата, како И да е што се однесува до причините за оставката на премиерот ние сметаме дека И натаму ке продолжИ имплементацијата на рамковниот договор,“

изјави портпаролот на ЕУ во Македонија Шина Томсон.
XS
SM
MD
LG