Достапни линкови

Премиерот Хари Костов поднесе оставка


Несогласувањата со министрите од редовите на ДУИ, е главната причина за оставката на премиерот Хари Костов:

„Во владината коалиција не постои целосна согласност и практично тимско работење за вистинско остварување на стратешката цел на Република Македонија и на останатите меѓусебно поврзани цели и активности. Напротив, сметам дека еден од коалиционите партнери во власта и покрај декларативните заложби, својата улога и место во владата ја разбира единствено како инструмент за делумно спроведување на политичките процеси од Охридскиот рамковен договор, залагајќи се за ургентно спроведување на процесот за правична застапеност само на една од заедниците во администрацијата,“

Во врска со ова, потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити, за Радио Слободна Европа изјави:
„Без разлика кој ќе биде на чело на владата или пак која коалиција ќе ја води државата адекватната правична затспеност на Албанците во јавната администрација е законска обврска која е изгласно во Собранието. Вработувањето на Албанците се врши во согласност со Рамковниот Договор и тоа ќе продолжи се до целосната правична и еднаква застапеност на албанците во јавната администрација.“
изјави Халити.

Оставката не ја разбирам како свој личен пораз, слабост или бегство од одговорноста, изјави премиерот Костов кој е уверен дека неговата оставка
ќе влијае мобилизирачки на коалиционите партнери во владата:

„Убеден сум дека мојата оставка ќе влијае мобилизирачки на коалиционите партнери во владата, да се постигне не само декларативна согласност, туку и суштинско и практично работење во постигнувањето на вистинските стратешки цели на Република Македонија.“

Хари Костов во образложението на оставката не заборави да потсети и на успесите на неговата влада:

XS
SM
MD
LG