Достапни линкови

logo-print

Премиерот Хари Костов поднесе оставка


Премиерот Хари Костов денеска ја објави својата одлука за поднесување оставка на функцијата претседател на Владата на Република Македонија. Костов во изјавата дадена денеска во Владата, истакна дека оставката веќе му ја доставил на претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.

„Владата во изминатите пет месеци работеше успешно, но нејзиниот рејтинг сепак паѓаше бидејќи една од владејачките партии ја сфаќа Владата како инструмент за промоција на национални и теснопартиски интереси, вклучувајќи и непотизам“,

рече Костов, образложувајќи ги причините за оставката.

Премиерската функција Хари Костов ја извршуваше од 2 јуни оваа година, кога пратениците ја избраа новата Влада. Пред да биде избран за премиер, Костов беше министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG