Достапни линкови

Хаос и непочитување на законската регулатива


За само една недела тројца работници загинаа на работното место, извршувајќи ги работните задачи. На најголем удар, тоа го покажуваат и податоците за повреда или губење на живот на работно место, па и последните случаи, пред се се наоѓаат градежните работници. Заштита на вработените при работа, е последната одредба која ја почитуваат работодавците, имајќи предвид дека најчесто работниците ниту се осигурани, ниту пак имаат договори за работа.
Бранот на неконтролирано градење и урбаниот хаос кој владее во државава, без притоа да се почитуваат градежните регулативи, според статистиката ја ,,направи“ годинава „црна“ во поглед на бројката на загинати градежни работници. Експертите укажуваат:

,,Се оди на линија на помал отпор, односно штедење, тоа е едната работа Втората работа произлегува и од фактот што изведувачите и самите инвеститори не се предржуваат на стручен приод, што значи изработка на елаборати и проекти кои ќе го предвидат начинот како да се изведат работите, а да не се наиде на штета,“

изјавува м-р по градежно инженерство Цветан Таневски, кој додава:

„Во скопското подрачје копаат вертикално со шљунковита почва и само „господ“ ги држи објектите кои се ископани така вертикално. Одат на тотален ризик.“

Објаснувајќи ги санкциите кои се преземаат кон прекршителите на законската регулатива за заштита при работа, од Министерството за труд изјавуваат:

,,Доколку од страна на работодавачот не се почитува решението кое што го донел инспекторатот за труд се поднесува барање за поведување на прекршочна пријава. Во 2003 година Државниот инспекторат за труд поднесе 654 вакви прекршочни пријави,“

потенцира Маја Стојчевска, портпарол на Министерството за труд и социјална политика. По се позачестените случаи, кои завршија со трагични последици за вработените, од Синдикатот со реакција:

,,Во овој дел можам да кажам слободно и одговорно дека и ние како Синдикат имаме затаено. Сега ни се отвара нова обврска, посебно по загинувањето на неколку работници на одредени објекти, интензивно да притиснеме и да бараме конечно законот за заштита при работа да се примени во целост,“

изјавува Пеце Ристовски претседателот на Синдикатот за металургија, енергетика и рударство.
XS
SM
MD
LG