Достапни линкови

Најавена оставка на премиерот Костов?


Најавите за оставка на владата поради несогласување на премиерот Хари Костов со одредени не се реални, изјави за Радио Слободна Европа потпретседателот на ДУИ Рафиз Халити:

„Нормално е во секоја коалициска влада да има некое недоразбирања бидејќи се работи за три политички партии и секоја има своја политичка платформа и се случува некој министер да има различчни ставови од премиерот, но мислам дека овие недоразбирања ќе се надминат.“

Инаку, меѓу главните причини за евентуалната оставка на премиерот Костов се посочуваат несогласувањата со ДУИ во однос на различното гледање на работите во делот на извршување на буџетот. Најголемите несогласувања биле околу слободата на трошењето на парите одвоени за вработување на Албанци во јавната администрација. На ова Халити вели:

„Без разлика кој ќе биде на чело на владата или пак која коалиција ќе ја води државата адекватната правична затспеност на Албанците во јавната администрација е законска обврска која е изгласно во Собранието. Вработувањето на Албанците се врши во согласност со Рамковниот Договор и тоа ќе продолжи се до целосната правична и еднаква застапеност на албанците во јавната администрација.“

Во владеачката СДСМ целосен молк по најавите за оставка на Владата и заострените односи меѓу коалициските партнери. Ниту еден партиски функционер не е достапен да појасни што се случува во нивните редови. И во ЛДП сите молчат единствено отворена за изјави беше Љиљјана Поповска која по одлуката на партиските орагани ќе биде разрешена од функцијата потпретседател на Собранието поради нејзината поддршка на референдумот против теритотрјалната организација:

„Во случајот јас ќе бидам сменета поради мојот различен став по едно прашање. Моето сменување треба да биде казна за неоткажување од ставот по едно прашање и тоа треба да биде поука за државните функционери во иднина, да не се осмелат да го повторат моето објаснување.“
XS
SM
MD
LG