Достапни линкови

logo-print

Меѓународната агенција за атомска енергија денеска ќе ги разглеза иранските нуклеарни активности


Меѓународната агенција за атомска енергија денеска се очекува да го објави извештајот за Иранските нуклеарни активности. Овој извештај треба да биде разгледан од Советот на гувернерите на Агенцијата кон крајот на месецов по што ќе биде решено дали ќе бидат воведени санкции против Иран. Вчера пак, официјален Техеран соопшти дека ја суспендира програмата за збогатување на ураниумот.

Иран прифати да ги суспендира скоро сите активности за збогатување на ураниумот, соопшти вчера главниот ирански преговарач Хасан Рохани по средбата во Техеран со претставници на Германија, Британија и Франција. Овие три земји, како што потсетуваат агенциите, беа предводници на напорите за завршување на недоразбирањата околу иранската нуклеарна програма. Според Рохани, Иран прифатил скоро се што од него барала Меѓународната агенција за атомска енергија во резолуцијата што беше усвоена во септември годинава. Тој додаде дека суспензијата ќе остане на сила се додека траат разговорите со Европската Унија за решавање на овој проблем. Ова попрецизно го објасни вториот преговарач Хосеин Мусавиан кој изјави дека сусендирањето на програмата за збогатување на ураниумот е привремено и со цел да се зацврсне довербата на меѓународната заедница дека иранската нуклерана програма е наменета само за мирољубиви цели. Според Мусавиан, ваквиот чекор не е претставува целосна правна обврска за Иран. Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи оценува дека само на ваков начин е можно да се надминат проблемите со иранската нуклеарна програма.



Она што меѓународната заедница го бара од Иран е, барем засега, да ги суспендира сите нуклерани активности како чекор за градење на доверба. На моите ирански колеги постојано им велам нивната земја да прифати транспарентност, која ќе доведе до толку потребниот дијалог меѓу Иран и остатокот на светот.

Вели Ел Барадеи. Агенциите потсетуваат дека Вашингтон го обвини Техеран дека неговите нулеарни активности се дел од програмата за развивање атомска бомба. Меѓународната агенција за атомска енергија претходно го имаше одложено објавувањето на нејзиниот извештај за Иран со цел да им даде дополнително време на преговарачите во него да наведат дека Иран се обврзува да ја запре програмата за збогатување на ураниумот.
XS
SM
MD
LG