Достапни линкови

Вашингтон: САД нема да интервенираат за да ја поддржат вредноста на доларот


Американскиот секретар за финансии Џон Сноу денеска индицираше дека администрацијата на претседателот Џорџ Буш не планира да интервенира за да ја поддржи вредноста на доларот која се повеќе паѓа на светските берзи. Сноу на почетокот на неговата турнеја по Европа денеска во Даблин изјави дека вистинската вредност на валутите се добиваат на слободниот пазар. Сепак, Сноу ја повтори и заложбата на Вашингтон за цврст долар.
XS
SM
MD
LG