Достапни линкови

Вашингтон: Палестинскиот преговарач побара американска помош за изборите


Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат изјави дека изборите за наследник на Јасаер Арафат мора да се одржат навреме или во спротивно, како што рече, повторно ќе почнат насилството и анархијата. Ерекат ова го изјави откако во изминатата ноќ во Газа вооружени лица до арафатовото движење Фатах размениле оган со чуварите на новиот лидер на Палестинската ослободителна организација Махмуд Абас. Во инцидентот беа убиени две лица. Абас останал неповреден.
XS
SM
MD
LG