Достапни линкови

Александар Гештаковски, министер за локална самоуправа. Процесот на децентализација се развива и надградува


Г-дине Гештаковски, референдумот заврши, но дали постои можност за некакви корекции на постоечкиот закон за територијална организација или тој ќе остане така како што е усвоен?

Процесот на децентрализацијата, е процес кој се развивива и надградува и сигурно сметаме дека во имплементирањето, во започнувањето на функционирањето, во интерес на граѓаните сигурно дека одредени пропусти или слабости ќе ги корегираме, што значи дека во овој период Владата продолжува со предложената нормативна рамка со посебен акцент и за законот за територијална организација.

Најжестоки беа реакциите во Струга кои не стивнаа ниту после референдумот. Тамошните локални власти се закануваат со даночна непослушност како и со бојкот на локални избори?

Тоа се изјави на градоначалникот кој е претставник на сите граѓани. Ние врз основа на анализите и врз основа на изјаснувањето на граѓаните во Струга во постоечките граници кои сега функционираат, видовме дека граѓаните не ја покажаа таа желба со своето изјаснување, и своето излегување, дека имаат одреден револт и процентот на излезност во старата општина Струга кое изнесува 42% покажува дека нашето решение во основа има одредена поддршка. Изјавите на градоначалникот дополнително може да ги поларизира односите во таа мешана меѓуетничка средина, но тие не водат никаде. Сеуште граѓаните во Струга сите релевантни фактори, се почитуваат меѓу себе, живеат во еден соживот и сигурно дека во тој дел на јакнење на довербата која постои во Струга, со новите надлежности, со новата територијална организација сметаме дека ќе профункионира во интерес на граѓаните.

Може ли накратко да се потсетиме на изворите на финансирање на новите општини?

Добра основа претставува законот за финансирање на општините и тоа во две насоки. Првата насока е тоа што на општините покрај правата, надлежностите, им се создава обврска да собираат свои сопствени изворни приходи и слободно да располагаат. Најважниот дел кој сметаме дека ќе даде резултати во процесот на спроведување тоа се т.н. блок дотации кои се предвидени во првата фаза да не одат директно од општините, туку од централната власт ќе бидат пренесувани тоа е во делот на образованието, социјалата и други поважни функции во кои мораме да имаме стабилност, како за плати за професорите, за учителите во детските градинки, а додека од изворните приходи општините ќе можат да го надградуваат тој дел. Тоа значи дека една општина со својот буџет ќе може да одлучи да влпжува во спортски објекти од сопствените извори, а додека другиот дел на стабилни извори за функционирање се обезбедени од централната власт преку трансфери. Имаме други извори тоа е делот на обезбедувањето на ДДВ во кој се формира посебен фонд, тоа е т.н. финансиско израмнување или едноставно речено мораме ние да земаме одредени средства од побогатите општини и да даваме на посиромашните општини, бидејќи во овој старт на намален број на општини тие немаат исти ресурси, исти економски можности и потенцијали.

Дали доколку по извесно време се утврди дека некоја од општините поради финансиски причини не може да опстане, да се корегира бројот на општините повторно?

Па, сигурно доколку неможе да продуцира одредена општина извор за краток период, е предвидена можност за финансиско консолидирање и дел на извршување на основите функциите на општините во кои граѓаните ќе ги остваруваат. Доколку во подолг период таа неможе да произведува сопствени изворни приходи неможе целосно да биде финансирана од централниот буџет, бидејќи и тие фондови ќе се укинуваат. А, и самите граѓани ќе бараат таа општина да се приклучи кон друга општина која ќе има извори, вклучувајќи ги и можностите на меѓуопштинска соработка. Целта е граѓаните да ги добиваат услугите, во поголем обем и поквалитетни услуги. Ниеден граѓанин не сака општината да ја има заради општината и заради градоначалникот, туку таа постои за тие да добиваат услуги на повисоко ниво.

Што се случува пак, со долговите и незавршените проекти кои евенутално ги имаат општините, а кои со новата територијална организација нема повеќе да постојат?

Тој проблем е реален кој во иднина ќе мора да се реши, за да можеме да профункционираме. Нема логика да пренесуваме надлежности, извори на приходи, доколу општинската сметка е блокирана. Се работи на тој проблем од страна на Министерството за финансии се прават целосни анализи во делот на детектирање, утврдување на реалните долгови како произлегле тие долгови, колку се реални и кои биле изворите. Ние во Законот за финансирање имаме дел на глава на финансиско консолидирање и мерки доколку општините се неликвидни. Оние долгови на општините кои произлегуваат од пренесени надлежности или дел на надлежности на државата, сигурно ќе бидат санирани, одреден дел ќе се прави со некои буџетски средства, но одреден дел на долгови кои градоначалниците или единиците на локалната самоуправа, ги презеле надвор од овластувањата на своите буџети, сигурно ќе паднат и на дел на изведувачите кои изведувале одредени работи без обезбедени средства. Тука може да се отвори и праШањето на одговорност, бидејќи како и централниот буџет и локалниот буџет треба да има одредени средства за да се преземаат одредени инвестициони и други активности.

На кој начин ќе се применува Бадинтеровото мнозинство во општините каде на пример, Македонците се во малцинство?

Бадинтеровото мнозинство за определните прашања кои се утврдени во усвоените закони, особено во Законот за именување на улици, плоштади, мостови во Законот за споменици и спомен обележја, ќе се применува на целокупната територија на Р Макеоднија. Онаку каде што се во малцинство припаднциите на зедниците, независно дали се од Рмска, Албанска, Турска.. за тие прашања, прашања за културниот идентитет, за културниот развиток, прашања за употреба на јазикот на заедницата под 20%, прашања за грбот, знамето на општината ќе се донесува со Бадинтеровото мнозинство и тоа се применува на целата територија. Тоа е механизам за негување на етничкиот, културниот, јазичниот идентитет на припадниците на зедниците, а сигурно и таму каде што Македонците се во малцинство во оние општини каде имаме доминантно население на припаднциите на зедниците тоа е добар механзиам кој е ограничен во локалната самоуправа за разлика на државно ниво, но неговата примена и искуствата, ќе не натераат дали да го прошириме и на други области со тоа што мораме да водиме сметка да не се доведеме до блокирање на функционирање на локалната самоуправа. Тоа би значело, двајца советници по Бадинтерово мнозинство да го укочуваат целокупниот процесс на локалната самоуправа.

Се спореа и границите на градот Скопје, кој се зголемува со две нови општини. Како ќе изгледа главниот град по локалните избори?

Скопје не се зголеми значително туку во мал дел. Градот се зголеми за околу 30 илјади жители со припојувањето на Сарај и Кондово, со тоа што Скопје сега изнесува околу 506 илјади жители, од кој 400 илјади живеат во т.н. урбан дел, а околу сто илјади живеат на периферниот дел, не само кон Сарај и Кондово туку и спрема Гази Баба. Скопје ќе функционира како град кој ќе ги задоволува интересите на сите граѓани на градот Скопје од заеднички интерес. Голем дел на надлежности во Скопје се пренесуваат на општините кои сега се десет, во кој граѓаните основните функции ќе ги остваруваат во самата општина. Создавањето на можност за меѓусебна соработка која досега недостасуваше во Скопје, немаше соработка меѓу градоначланикот на Скопје и градоначалниците на општините и јасно определните надлежности кои досега недостасуваа, доведуваа до едно хаотично делување особено во делот на урбанизмот. Ние сме свесни дека во Скопје секаде се градеше, префрлувајќи ги надлежностите, меѓу градот, подрачните единици, надлежните министерства... секако целосно се пренесува делот на урбанизмот, од донесување на генерални планови, детални планови, издавање на градежни дозволи. И сметам дека во Скопје се создадени услови за да профункционира на ниво на град кој ќе им ги пружи на граѓаните сите услуги од аспект на нивните потреби.

Ссоема за крај, се знае ли датумот за одржување на локалните избори?

Бидејќи не се знаеше исходот од рефереднумот, а и беше закажано неговото одржување, за овие избори е определно дека треба да се одржат до крајот на март. Сметам дека врз основа на делот на подготовката на имплементирањето на децентрализацијата, би требало да се одржат некаде на крајот на февруари или почетокот на март. Сметајќи дека сигурно ќе има и втор круг, па со конституирање на органите, општините со новите надлежности, нови извори на финансирање, нова терторијална организација и избрани преставници на граѓаните, некаде предвидуваме да почнат да функционираат од втората половина на 2005 година, или наша критична дата е да почнат да функционираат од 1 јули 2005 година.
XS
SM
MD
LG