Достапни линкови

Негирањето на МПЦ е негирање на македонската нација


Црковно народниот собор на МПЦ на кој учествуваа делегати од сите црковни епархии му даде недвосмислена поддршка на Синодот дека во напорите за решавање на статусот на нашата црква не смее да се отстапи од автокефалниот статус и да не се дозволи промена на уставното име:

„Тоа е јасен знак и до Светиот синод на МПЦ, меѓутоа и до сите православни цркви, дека верниците во Република Македонија од православна вероисповед, не се согласуваат со разговори коишто би донеле до промена на статусот на нивната црква,“

вели историчарот, професор Јован Донев за пораката што произлезе од дводневниот црковно народен собор на МПЦ. Тоа значи дека во напорите за решавање на статусот на МПЦ, никој нема право да посегнува кон менување на овие атрибути, односно какви било варијанти за промена на статусот на МПЦ во самостојна или автономна како компромисни решенија во преговорите со српската и остантите сестрински првославни цркви се неприфтливи. Тој се согласува дека спорот на Македонската прволвна црква со останатите православни цркви треба да биде надмнинат единствено со признавање на нејзиниот автокефален статус и име при тоа предочувајќи:

„Проблемот на црквата на Балканот е длабоко поврзано со нацијата. Затоа што релгигијата кај балканските народи е поврзана со националната свест и оттука негирањето на МПЦ, всушност е негирање на македонската нација.“

Сепак, според професротот Донев, укажувањата за инволвиранота на политиката на соседните држави во црковните прашања, како на пример преку обидите на СПЦ за воспоставување на т.н. Охридска архиепископија во Македонија, не претставуваат резултат на официјалната политика на соседните држави. Во тој контекст, тој вели:

„Во српското општество постои силна национална струја, којашто се покажува и на последните избори и таа секако дека влијае врз црквата. Истата ситуација е и во Грција, улогата на црквата во јавниот живот е голема. Значи, на тој начин политиката е инволвирана во црквата, инаку не верувам дека официјалната политика на српската или грчката влада има влијание на овие спорови.“
XS
SM
MD
LG