Достапни линкови

Пад на моралните вредности


Пад на моралните вредности, губење на авторитети, општествена криза, резултат: изразена агресивност меѓу младите во земјава. Пет девојчиња избоделе со нож три сооученички при масовна тепачка во една од скопските гимназии, ова е најновиот настан како потврда на веќе укажаниот пораст на девијантното однесување меѓу младите. Веќе не постои ниту онаа граница на машко женски улоги, агресивноста, насилството, карактеристично и за двете страни. Зборувајќи во оваа насока, учениците велат.

„Не знам, премногу агресивност има.“
„Не знам колку треба да биде испровоцирана да извади нож, а плус и кога носела нож од дома, тоа е веќе друго.“


Коментирајќи го ваквиот начин на „губење на здравата младина,“ пак експертите посочуваат неколку компоненти кои стануваат главен недостак во општеството кои се пак главна причина за агресивното однесување.

„Имаме дисторзија на моралните вредности. Имавме религиозен морал, па социјалистички, па требаше да се етаблира граѓанскиот морал. Прво, семејството не ни функционира, и најзагрижувачки, образовните институции, очигледно уште помалку функционираат,“

го објаснува социолошкиот аспект професорот Зоран Матевски.

Доловувајќи го својот поглед на светот, презентирајќи ги своите размисувања, фрустрациите од општествените случувања, нивната сватеност во рамки на семејно образовниот систем, средношколците само го потврдуваат експертското мислење:

„Многу повеќе внимание се обрнува на образовниот процес, а ја губи воспитната улога.“
„Општеството ме фрустрира, економската состојба.“


Наспроти губењето на улогата на општествено социјалните фактори, зброувајќи за психолошките карактеристики кај македонската младина, психијатар Михаил Левенски забележува:

„Има премногу и емоционално недозреани, со недоволни интелектуални одговори, повремено се многу агресивни кон себе и околината.“
XS
SM
MD
LG