Достапни линкови

logo-print

Фалуџа: Убиени илјада бунтовници


Советникот за национална безбедност на Ирак, Касем Дауд денеска изјави дека големата воена операција за заземање на градот Фалуџа е завршена и оти се убиени 1.000 бунтовници, а 200 се повредени.Во меѓувреме, американскиот претседател Џорџ Буш во редовното неделно обраќање во нацијата посочи дека американските и ирачките трупи го "преземаат градот" Фалуџа од герилците со цел во регионот повторно да се воспостави мир пред јануарските избори. "Со приближувањето на јануарските избори ќе 'зајакне и очајната состојба' на убијците, што може да доведе до ескалација на насилствата во регионот", рече Буш.
XS
SM
MD
LG