Достапни линкови

Киев: Путин во дводневна посета на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин од денеска престојува во дводневна посета на Украина. До неа доаѓа само десетина дена пред вториот круг од претседателските избори. Путин престојуваше во Украина и пред првиот круг на кој, според официјалните резултати предност доби кандидатот на опозицијата Виктор Јушченко, пред премиерот Виктор Јанукович, поддржан од сегашниот претседател Леонид Кучма. Путин и Кучма на Крим ќе потишат два договора за унапредување на транспортните врски меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG