Достапни линкови

logo-print

Фалуџа: Американските и ирачките сили го држат поголемиот дел од градот


Американски воени претставници соопштија дека американските и ирачките сили го држат под контрола поголемиот дел од бунтовничкиот сунитски град Фалуџа. Исклучок биле јужните предградија каде што се уште се воделе борби. Според воени извори, од почетокот на офанзивата врз Фалуџа, во понеделникот, досега, загинале над петстотини бунтовници, осумнаесет американски и пет ирачки војници. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, кој е на неколкудневна турнеја по Латинска Америка, изјави дека оваа офанзива ќе трае се додека Фалуџа не биде ослободена од терористите.
XS
SM
MD
LG