Достапни линкови

Кандидати се Јапонија и Франција


Конзорциум составен од претставници на најразвиените земји во светот не успеа да се согласи околу тоа каде да биде изграден првиот нуклеарен реактор на фузија во светот. Од друга страна, Европската Унија, надевајќи се дека Јапонија ќе се откаже од намерата реакторот да биде изграден таму, веќе соопшти дека има своја локација, Франција.

Европската Унија донесе одлука, без оглед на тоа колку ќе ја чини реакторот во јужна Франција. Според некои проценки, станува збор за проект, вреден дванаесет милијарди долари. Претходно, конзорциумот во кој се Европската Унија, Соединетите Држави, Русија, Јапонија, Кина и Јужна Кореа, и покрај тригодишните преговори, не се покажа ефикасен во изборот на местото каде би требало да биде изграден овој прв светски нуклеарен реактор кој ќе произведува енергија по принципот на фузија. Копјата главно се кршеа меѓу две понуди. Франција, поддржана од Кина и Русија: и Јапонија, поддржана од Соединетите Држави и Јужна Кореа. Портпаролот на Европската Комисија Флавио Фаби во врска со ќорсокакот на преговорите во Виена сепак изјави:



Имаме причина да кажеме дека јапонците не ја одбија нашата позиција. Но тие, не ја ни одобрија отворено.
Фаби додава дека Европската Унија, поради тоа, е решена овој проектот познат како ИТЕР, односно Интернационален термонуклеарен експериментален реактор да го изведе на Кадарaше во Франција.



Европјеците никогаш не ја прифатија идејата ИТЕР да биде изграден во Рокашомура во Јапонија.

Вели Фаби, наведувајќи дека Европската Унија е подготвена на Јапонија да и понуди извесни концесии за да ја оствари ваквата своја цел. Фаби, без да изнесува детали оценува дека тоа ќе биде разумна понуда. Научниците веруваат дека нуклеарната фузија би можелo да се покаже како последно решение за се поголемaта потреба од електрична енергија во светот. За разлика од нуклеарната физија со која енергијата со добива со делење на атомите, фузијата е процес кога енергијата се ослободува со нивно спојување. Фузијата е многу понеризична од физијата која пак предизвикува нус појави како радијацијата и нуклеарниот отпад. Впрочем на принцип на фузијата свети и Сонцето.
XS
SM
MD
LG