Достапни линкови

И покрај одлуката на Советот за финансирање, остануваат и разликите во цените на услугите на одделни


,,Доаѓа како да студираш на некој приватен факултет,,

Вели една студентка, коментирајки ја цената која во просек годи[но се плаќа за разни административни услуги на државниот универзитет Св. Кирил И Методиј во Скопје. Фактот дека треба да се плати е неизбежен, но колку тоа го ,,чини студентскиот џеб,, зависи од изборот на факултетот. Повеѓето факултети за една услуга имаат различна цена. Сосема збунувачки, велат студентите:

,,Тука на овој комплекс факултети цените се различни. На Филозофски мислам дека за уверение се плаѓа 300 денари исто е И на Економски, ама пак таму се плаѓа дополнително И за потврда 100 денари,,

изјавуваат студентите И продолжуваат со коментарите за превисоките цени.

,,Мислам дека е прилично скапо.,,

,,што мисли[ за различните цени ме\у факултетите? Треба да имаат иста цена.,,

,,На пример, плаѓаме за некои работи, а потоа за фотокопии треба сами ние да си фотокопираме или за испити сами треба да си купуваме листови, а всу[ност плаѓаме за тоа на почеток на годината.,,

,,Која е цената за административни услуги [то досега си ја дал?
Сигурно у[те половина од сумата за целосна партиципација која треба да ја платам за четири години. Најмалку 1000 евра за материјали И други работи.,,

Збунувачката различност во цените неодамна со одлука на Советот за финансирање на високото образование, барем за 22 административни услуги е унифицирана, но сепак останува можноста како [то стои во усвоениот Правилник, на студентите да им се наплаѓаат услуги ,,во согласност со природата на наставата,, Проректорот за финансии на скопскиот универзитет, Благој Крстевски вели:

,,Ценовникот со кои се плаѓаат надоместоци од студентите, исклучиво го одредува Советот за финансирање И развој на високото образование,,.

Колку за илустрација годи[ното издвојување на средства за студирање, изгледа вака, за изгубен индекс 1 500 денари, полагање испит по трет или повеке пати 300 денари, повторно запи[ување година 2000 денари, исписница од факултет 1000 денари, промена на презиме 100 денари И така до највисоката сума за нострификација на диплома [то чини 15 ооо денари.
XS
SM
MD
LG