Достапни линкови

Багдад: Неколку мртви и повредени во експлозија на автомобил-бомба


Во денешната експлозија на автомобил бомба во центарот на Багдад, како што јавуваат агенциите, повикувајќи се на очевидци, имало неколкумина убиени и повредени луѓе. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во трговската зона на Багдад во која се сместени претежно странски државјани. Во меѓувреме, американските и сојузничките сили ги продолжуваат нападите врз Фалуџа во акцијата за преземање на контролата врз тој сунитски град од ирачките бунтовници. Се наведува дека сојузниците контролираат седумдесет насто од Фалуџа.
XS
SM
MD
LG