Достапни линкови

Светските лидери ја ја истакнуваат неговата историска улога за Палестинците


Веста за смртта на поранешниот герилски лидер и претседател на палестинската власт најпрвин беше соопштена на Западниот Брег од страна на палестинскиот преговарач Саеб Ерекат. Веднаш потоа, смртта на Јасер Арафат беше потврдена од претставници на воената болница кај Париз каде што Арафат беше на медицински третман од дваесет и деветти минатиот месец.

Веста за смртта на поранешниот герилски лидер и претседател на палестинската власт најпрвин беше соопштена на Западниот Брег од страна на палестинскиот преговарач Саеб Ерекат. Веднаш потоа, смртта на Јасер Арафат беше потврдена од претставници на воената болница кај Париз каде што Арафат беше на медицински третман од дваесет и деветти минатиот месец.


Господин Јасер Арафат, претседател на палестинската власт, почина во воената болница во Кламар на единаесетти ноември две илјади и четврта во три часот и триесет минути.

Соопшти генерал Кристијан Естрипе, без да ја наведе причината за смртта на Арафат, чие тело, според најавите, ќе биде погребано в сабота во близина на неговиот штаб во Рамала. Претходниот ден во Каиро, во чест на Јасер Арафат ќе биде одржана погребна церемонија со воени почести.


Уверени сме дека ќе ја исполниме должноста што си ја постави Арафат, слобода за палестинците и формирање независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.

Изјави Јасер Рабо, близок соработник на Арафат во Палестинската ослободителна организација која денеска за свој претседател, на негово место го избра Махмуд Абаз. Инаку, нов претседател на палестинската власт ќе биде претседателот на парламентот Раухи Фатух кој во нареднивe шеесет дена треба да распише нови избори. Светските лидери во телеграмите со сочувство, меѓу другото, ја изразуваат историската важност на Јасер Арафат за палестинскиот народ. Американскиот претседател Џорџ Буш изразува надеж дека иднината ќе им донесе на палестинците независна држава. Британскиот премиер Тони Блер смета дека токму Арафат придонесе за прифаќање на таквата идеја. Рускиот претседател Владимир Путин вели дека смртта на Арафат е тешка загуба за сите палестинци, додека за францускиот претседател Жак Ширак, палестинскиот лидер бил храбар човек кој се борел за палестинска држава. Слична е оценката и на генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан. Но, за разлика од светските, израелските лидери, меѓу нив и претседателот Моше Кацав, со надеж дека смртта на Арафат ќе претставува почеток на ново поглавие во релациите меѓу палестинците и израелците.
XS
SM
MD
LG