Достапни линкови

logo-print

Ден Хаг: Апел за толеранција


Холандскиот премиер Јан Петер Балкененде упати апел во Холандија да се врати традицијата на толеранција, откако во земјата се случија неколку напади против муслимани. Ваквите инциденти се одговор на убиството на режисерот Тео Ван Гог поради еден негов филм во кој се критикува односот на муслиманите кон жените. Синоќа беше запалено едно муслиманско училиште во селото Уден, а уште 6 инциденти се случиле врз неколку џамии и муслимански училишта.
XS
SM
MD
LG