Достапни линкови

logo-print

Атина: Солана за подобрување на соработката на Балканот


Евро-комесарот Хавиер Солана на синоќешната средба со грчкиот шеф на дипломатијата Петрос Моливијатис во Атина разговарал за ситуацијата на Блискиот исток и за ратификацијата на европскиот Устав, јавија денеска грчките медиуми. Според истите извори, Солана го информирал грчкиот домаќин дека при постетата на Македонија не станало збор за проблемот со името и оти за Европската Унија се од особена важност добрите односи на Балканот.
XS
SM
MD
LG