Достапни линкови

Париз: Состојбата на Арафат се влошила


Претставници на болницата во близина на Париз, каде што е сместен палестинскиот лидер Јасер Арафат соопштија дека во текот на изминатата ноќ неговата здравствена состојба се влошила и оти се продлабочила комата во која тој се наоѓал. Претходно, францускиот министер за надворешни работи Мишел Барние денеска изјави оти е најнормално високи палестински личности да го посетат нивниот болен претседател Јасер Арафат. Неговата здравствена состојба е комплексна, изјави Барние додавајќи дека синоќа во Париз допатуваа вториот човек на Палестинската Ослободителна Организација Махмуд Абас, премиерот Ахмед Кореи, шефот на дипломатијата Набил Шаат и претседателот на парламентот Рави Фатух. Вчера сопругата на Арафат Суха, нив ги обвини за заговор со цел да му ги презамт неговите средства.
XS
SM
MD
LG