Достапни линкови

logo-print

Опозицијата бара измени на законот, власта отфрла таква можност


По завршувањето на референдумот партиите на власт велат дека резултатите говорат дека тој е неуспешен и нема простор за разговори и измени на законот за територијална организација:

„Тој што го бара референдумското изјаснување оди на се или ништо. Остана со ништо и мислиме дека така е најдобро за демократијата и за Република Македонија, затоа што 409,000 гласови за се обврска повеќе за владата, но во секој случај владата во овој момент нема намера да прави нешто во новата територијална организација, туку има намера да прави многу повеќе на полето на економијата, на полето на економската и социјалната ситуација, затоа што сето ова што се случуваше во изминатите три месеци, сепак, иако е добро за развојот на демократијата, го покажа и грдото лице на Република Македонија, го покажа повторно национализмот и екстремизмот и добро е што се вака заврши, добро е што заврши во мирна и достоинствена атмосфера, иако на дел од поддржувачите на референдумот тоа не им се допадна, одиме понатаму,“

изјави потпретседателот на СДСМ, Владо Бучковски. За разлика од нив опозициските партии што го поддржаа референдумот сметаат дека е неопходно да се интервенира во новиот закон, бидејки како што велат големо е незадоволството од новата територијална поделба:

„Официјалната власт во Република Македонија не смее да го игнорира мислењето на половина милион граѓани и мора да направи корекции на законот за територијална поделба. Сепак, се работи за огромен број граѓани коишто го искажаа незадоволството од овој закон,“

изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

За самиот ден на гласањето пак од невладината организација МОСТ која што имаше најголем број на набљудувачи со следниве забелешки:

„Во четири случаи забележано е неотворање на гласачко место, во 19 случаи задоцнето отворање, во два случаи имало дислоцирање на гласачкото место, во седум случаи, регистрирано е предвремено затворање на избирачкото место, а прекини во гласањето, не повеќе од еден час се регистрирани во четири случаи,“

изјави Славица Билјарска.
XS
SM
MD
LG