Достапни линкови

Власта треба да размисли за корекции на Законот за територијална организација


И покрај неуспешноста на референдум власта треба да размисли за одередени корекции на Законот за територјална организација сметат експертите во земјава:

„Половина од цензусот ако гласале за, тоа кажува дека законот е лош и дека треба да се менува, без разлика што цензусот не е исполнет. Тоа е сигнал дека станува збор за лош закон. Останува сега владата да покаже дали ќе прифати таква бројка, за да направи нешто и да го смени законот или ќе биде повторно арогантна, и ќе си оди без да почитува, сепак не е за занемарување износот од 450,000 – 500,000 луѓе.“

„Јас мислам дека има причини да се размислува за тоа. Мислам дека државните органи треба да размислуваат како да се усовршува системот на децентрализираната власт, којашто ќе биде поблиску до граѓаните,“



велат професорот од правниот Факултет Ѓорѓи Иванов и политикологот Хисен Рамадани.

Граѓаните по неуспешниот референдум повторно ќе се соочат со суровата реалност која постои во земјава е ставот на професорот Иванов.

„И по неуспехот на референдумот, граѓаните повторно ќе се соочат со суровата реалност која постои во Македонија, на социјален, економски план и веројатно не е толку нормализирано, како што сега ќе не убедуваат.“

Повиците од меѓународната заедница за бојкот на референдумот , Што И се случИ сигрно Ќе го забрза процесот на евро-атланстките интеграции на македонија смета Хисен рамадани.

„Јас не верувам дека тоа ќе се случи преку ноќ, туку тие знаат како тоа да го направат, уште повеќе ќе ни помогнат за ние да ги исполниме стандардите.“

Наспроти ваквото мислење професорот Ѓорѓи Иванов е скептичен во однос на ова прашање:

„Не верувам, не, бидејќи тоа зависи од нас. Зависи од тоа колку ние може да си ги завршиме домашните задачи, а со сегашното темпо и до каде ни се реформите, не верувам дека тоа ќе се забрза. Едно е да ви укажат дека тоа треба да го направите, а друго е колку вие сте направиле. Типичен пример се Шенген визите, уште во 98 година ни е кажано кои услови треба да ги исполниме за да се симнеме од таа зона, ама гледате дека до денеска тие не се исполнети и уште сме во таа зона.“
XS
SM
MD
LG