Достапни линкови

Рамала: Високата палестинска делегација ја откажа посетата на Арафат


Од Канцеларијата на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамала е соопштено дека тричлената висока палестинска делегација се откажала од намерата денеска да го види Арафат кој е сместен во една болница во околината на Париз. До овој чекор дојде по коментарите на сопругата на Арафат, Суха, дека делегацијата подготвувала заговор против него. Делегацијата составена од генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација Махмуд Абас, премиерот Ахмед Куреи и шефот на дипломатијата Набил Шаат, според последните информации, посетата на Арафат би можела да ја оствари утре.
XS
SM
MD
LG