Достапни линкови

Референдум за општинските граници, за сега гласањето без проблеми


Гласањето се одвива без проблеми и во 7 часот утринава отворени се сите гласачки места низ републикава соопштуваат од ДИК.

„До ДИК нема пристигнато информација дека некое гласачко место не е отворено, така што може да се смета дека сите гласачки места се отворени и на нив 1,709,536 граѓани ќе може да гласаат,“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. ГраЃаните на македонија со право на глас денеска се изјаснуваат по референдумското праШање: Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и Законот за градот Скопје ?

Гласачките места како и вообичаено ќе бидат затвотрени во 19 часот а, според постоечкиот закон за реферндум тој е успешен само доколку на гласање излезат над 50 насто од избирачите. Додека вториот ценсус за негова успешност предвидува мнозинството од граѓаните кои излегле на гласање позитивно да изјаснат за референдумското прашање.

За разлика од претходните изборни процеси во земјва , интересот на Невладиниот сектор, и меѓународните организации да го наблудуваат референдумот е поголем. Вкупно 13 домашни и странски организации го набљудуваат референдумот. Најбројни се тие на Светскиот Македонски Конгрес, чиј број изнесува над шест илјади. Додека кај странските организации како и што се очекуваше најголем број монитори има акредитирано ОДИХИР, 183. Невладината Организациоја МОСТ е втора по бројност со наблудувачи која опеира со околу четири илјади.

Ден пред референдумот своето право на глас го искористија војниците, затворениците, раселените и болните изнемоштени лица. Пополнетите избирачки ливчиња на овие категории граѓани ќе се бројат заедно со другите по завршувањето на референдумот. ДИК го утврдува и објавува резултатот од референдумот во рок од 48 часа по добивањето на резултатите од гласањето на референдумот.
XS
SM
MD
LG