Достапни линкови

logo-print

Париз: Арафат на интензивна нега, но не е во кома


Палестинскиот лидер Јасер Арафат е сеуште на интензивна нега во воената болница во близина на Париз, но не е во кома. Ова денеска го изјави висок претставник на палестинската делегација во Париз. Лекарите сеуште не ја соопштија причината за наглото влошување на здравствената состојба на палестинскиот лидер.
XS
SM
MD
LG