Достапни линкови

Денеска гласаат војниците, раселените и затворениците


Раселените лица, лицата кои се на издржување казна притвор или затвор како и лицата на отслужување воен рок денеска се изјаснуваат во врска со референдумското прашање: Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и Законот за градот Скопје?

„На 6-ти ноември гласаат 731 внатрешно раселено лице, 1366 лица на издржуваењ казна притвор или затвор, лицата на отслужување воен рок или воена вежба и пријавените болни и немоќни лица.“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Инаку, право на глас имаат нешто повеќе од еден милион и седумстотини илјади лица, запишани во избирачкиот список. Гласањето се одвива на 2.973 гласачки места кои се отворени од 07 до 19 часот. Според постоечкиот закон за референдум, тој е успешен само доколку на гласање излезат над 50 насто од избирачите. Додека вториот ценсус за негова успешност предвидува мнозинството од граѓаните кои излегле на гласање позитивно да изјаснат за референдумското прашање.
ДИК веќе ги има доставено изборните материјали до 34 изборни комисии кои во текот на денот треба да ги достават до сите избирачки одбори.

За разлика од претходните изборни процеси во земјава, интересот на невладиниот сектор, и меѓународните организации да го наблудуваат референдумот е многу поголем:

„За набљудување на референдумот се пријавени и акредитирани 10,614 лица од различни организации.“

Што се однесува до домашните набљудувачи најбројни се тие на Светскиот Македонски Конгрес. Нивниот број ќе изнесува над шест илјади. Додека кај странските организации како и што се очекуваше најголем број набљудувачи има акредитирано ОДИХИР 183. Невладината Организациоја МОСТ е втора по бројност со наблудувачи која на денот на гласањето ќе оперира со околу четири илјади наблудувачи. Ова организација е позната по тоа што дури и пред ДИК го соопштува одзивот на гласачите, но проблем за нив би претставувало доколку некое избирачко место не биде отворено на денот на гласањето.

„Со самото тоа, нема да можеме да го добиеме точниот одзив на гласачите, и со тоа и резултатите на крајот од денот. Ние се надеваме дека се ќе биде во ред на избирачките места и дека ќе можеме во текот на денот да го соопштуваме одзивот, а на крајот и резултатите.“

изјави портпаролот на оваа организација Славица Биљарска.
XS
SM
MD
LG