Достапни линкови

Сиромавиот два пати плаќа


Меѓу желбата за квалитетни производи и реалната куповна моќ, македонските просечни потрошувачи, најчесто прават компромис. Притиснати од материјалните можности, многу млади луѓе се упатени да купуваат производи по поефтини цени. Но, во истовреме, тие пребегнуваат кон умешност за да бидат во тренд. Голем дел од нив, пресретнати од високите цени, купуваат копии, поефтини од оригиналот, или пак, купувањето го одложуваат во сезоната на распродажби:

„Битна ми е и цената и квалитетот. Затоа што стандардот ми е многу низок, чекам распродажби и попусти, да се одлучам да купам нешто поефтино.“

Пресретнати од новите цени на обувките и ооблеката, во градот, кој календарски е пред прагот на зимата, доказ на оваа пазарна психологија е одговорот на една скопска тинејџерка:

„Чекаме февруари да дојде за да си купиме чизми.“

Овој одговор е типичен за младите луѓе, кои спроти лошите социјално – економски прилики, продолжуваат да ги следат движењата во модата. Спроти таквите амбиции, кај повозрасните граѓани со просечни примања, впечатливо е дека предност во купувањето единствено има цената на производот:

„Сите знаеме што е квалитетно, ама ако немаш пари, гледаш да поминеш поефтино.“

Тоа го илустрираат скопските пазари, кадешто во последните неколку години најголем дел од нив ги купуваат своите намирници, од прехрамбени, до текстилни:

„Во бутик не можеш, гледаш да е поефтино.“

Меѓу македонските граѓани преовладува уверување дека поефтините производи да се помалку квалитетни. Но, не ретко се случува, производот платен по повисока цена, да има несоодветен квалитет:

„Да, скапи производи, често не се квалитетни.“
„Кај текстилот, со неколку перења се упропастува.“


Примерите како овие, го илустрираат проблемот на недостаток од стандарди за квалитет, на македонскиот пазар на производи. Маријана Лончар, од организацијата на потрошувачи вели:

„Она што секојдневно се случува покажува дека на пазарот има многу производи кои имаат несоодветен квалитет. Затоа и како организација инсистираме да биде донесен правилникот за етикетирање.“

Во меѓувреме, цената од недостаток од стандарди за квалитет на македонскиот пазар, ја плаќаат македонските потрошувачи:

„Сиромавиот два пати плаќа.“
XS
SM
MD
LG