Достапни линкови

Притисокот на доларот продолжува, високи цени на нафтата на долг рок


Што за светската економија значи новиот 4 годишен мандат на Џорџ Буш во Белата Куќа. Ке продолжи ли доларот да слабее или цената на нафтата да расте ?

Американскиот претседател Џорџ Буш даде неколку детали за тоа што планира со најголемата економија во светот во неговиот втор 4 годишен мандат. Буш вети намалување за половина на буџетскиот дефицит што го направи во првиот мандат. Станува збор за 545 милијарди долари кои го испратија доларот на ниски гранки во минатава година на светскиот пазар на пари. Штефан Шнајдер економист на Дојче Банк изјави дека Бушовото ветување за намалување на буџетскиот дефиците е нереално.

„Доларот ќе остане под притисок, бидејќи очигледно е дека ситуацијата со дефицитот нема да се олесни во следните една или две години, иако Буш вети дека ќе го скрати дефицитот за половина. Но јас мислам дека е тоа тешко, ако ги погледнете економските основи и трошоци, особено во војната против теророт.“

Меѓутоа и самиот Шнајдер вели дека не гледа доларска криза на хоризонтот. Тој вели дека американската економија расте побргу отколку во другите делови на светот и странските земји всушност го потпираат доларот од лични причини. Имено ако доларот продолжи да паѓа тоа само ке го поефтини американскиот извоз, а извозот на другите ќе го направи поскап.

„Азискиот интерес за извоз во Соединетите Држави ке остане многу силен и затоа во актуелната ситуација нивните банки ќе интервенираат во корист на доларот за да не паѓа во однос на нивните валути. Затоа да, ке има извесен притисок врз доларот, но неформалниот валутен режим е доста стабилен.“

Што се однесува до цените на нафтата, Соединетите Држави се најголем консумер и имаат најсилно влијание врз формирањето на цената. Кога во средата стана јасно дека Буш ќе победи на претседателските избори, цената порасна на 50 долари за барел. Имано на пазарот се рефлектира погледот на Бушовата администрација која не е загрижена околу редукцијата на американската консумација на нафтата. Економистите, како на пример Адриан Отнад од Институтот за економија и општество во Бон – Германија сепак смета дека без разлика на тоа што ќе сторат Соединетите Држави високите цени на нафтата ќе останат.

„За мене тоа е многу јасно на долг период дека постои таква тенденција на високи цени, поради оскудноста на изворите. Знаете до 2015 проектиравме зголемување на нафтената продукција, а потоа треба да дојде до намалување. Затоа мислам дека ќе остане трендот на високи цени а тоа ќе биде потикнато и од Кина и некои други земји кои ги згоелуваат барањата за извори.“

Аналитичарите инаку за позитивен го земаат фактот што претседателот Џорџ Буш останува на американскиот традиционален став за промоција на слободна трговија за што напорно работеа американскиот и европскиот преставник Роберт Зелик и Паскал Лами.
XS
SM
MD
LG