Достапни линкови

logo-print

Признавањето на САД под уставното име ќе има позитивни импликации за Македонија


Нема да има негативни импликации врз Македонија по признавањето на уставното име од Соединетите држави, велат експертите коментирајќи ги изјавите на грчките официјални претставници дека нема да ја поддржат земјава во нејзините напори за приближување кон Европската унија и НАТО. Според нив очекуавни се реакциите во Грција, но тоа не значи дека тоа ќе влијае негативно врз Македонија

„Мислам дека актот на признавање од САД може да има само позитивни импликации. Не предвидувам, ниту пак има механизам за било какви санкции против Македонија сега да се воведуваат, затоа што тоа е одлука на САД. Мислам дека ќе има позитивни импликации, зашто тоа е значаен чекор напред.“

изјави професор Димитар Мирчев од Факултетот за општествени науки во Скопје. За грчките предупредувања дека Македонија треба да има во предвид дека одлуките во рамки на Унијата се носат со консензус професорот вели:

„За година, година и пол, уставниот механизам на Европа ќе биде ратификуван, ќе има сосема други механизми на одлучување, правото на вето ќе се укине во одлучувањето во органите на ЕУ, а ние дотогаш нема сеуште нема да бидеме примени, така што на нас, ќе се однесуваат сосема други механизми.“

Мирчев смета дека прашањето во врска со името со земјите членки од Европската унија и со оние држави што ја признаваат под референцата Поранешна југословенска република Македонија сега треба да се решава на билатерално ниво. Во оваа насока вели тој, американскиот чекор може да ги натера земјите членки од Унијата да почнат да размислуваат во насока на билатерално признавање на уставното име на земјава:

„Многу од членките на унијата ќе размислат и ќе го разгледаат тоа прашање на билатерално признавање. Тоа е постепен процес, бидејќи, Германија започна со тој процес. Јас не очекувам спектакли и брзо да се надмине проблемот со ЕУ, но објективно актот на САД значи многу, зашто серија земји ќе го следат примерот на САД.“

Од министерството за надворешни работи посочуваат дека остануваат на определбите од владината одлука донесена во ноември 2002 година во која се вели дека Македонија останува на ставот да се изнајде взаемно прифатливо решение за име што ке се користи во билатералната комуникација со Грција, а уставното име за останатите држави од меѓународната заедница. Оттаму информираат дека во билтералната комуникација со повеке земји како Германија, Велика Британија, Холандија, Франција има пракса да се користи уставното име или Влада на Македонија, име под кое што се потпишуваа договори со Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG