Достапни линкови

Блискиот Исток и светот се подготвува за заминување на Арафат


Палестинскиот лидер Јасер Арафат почина на 75 години во воената болница во Франција. Арафат е во кома, но не е мртов, изјави палестинскиот преставник во Париз Леила Шахид. Блискиот исток и светот сепак се подготвуваат за неговото заминување.

На Западниот Брег, како што се јавува, некои од овластувањата на Јасер Арафат веќе се префрлени врз премиерот Ахмед Куреи. Истовремено, палестински преставници и израелски воени личности одржуваат средби за да се види како ќе се одреагира доколку Арафат почине. Соединетите Држави и Европската Унија во меѓувреме ги обновија напорите за мирно решение на Блискиот Исток. Претседателот Џорџ Буш која одбиваше соработка со Арафат, обвинувајки го дека стои зад насилствата против Израел изјави:

„Мислам дека е многу важно за нашите пријатели, израелците да имаат мирољубива палестинска држава на нивната граница. Многу е битно за палестинскиот народ да има мирна и надежна иднина.“

Европската Унија изразувајки солидраност со палестинскиот народ соопшти дека ке соработува со новото раководство во Блиско источниот мировен процес.
XS
SM
MD
LG