Достапни линкови

Македонските граѓани бегаат од секојдневието


Повеќе истражувања на јавното мислење, покажуваат дека голем процент на граѓаните во Македонија се незадоволни од социјално – економските состојби во државава. Притиснати од нив, луѓето во Македонија се потешко успеваат да најдат простор или ситуација, во која можат да го свртат вниманието од таквото секојдневие:

„Не знам, малку потешко, ама зависи од личноста, ако се сака, се наоѓа време.“

Многумина граѓани поради лошите прилики во општествениот контекст, интересот кон природата, спортот и воопшто, кон креативната страна на животот, како што се на пример, театарот и филмот, не ретко ги доживуваат како бегство од реалноста:

„Рекреација, ама и бегање од секојдневието, зашто никој не е оптимист.“

Можноста во уметноста или природата да се заборави секојдневието, го изместува вистинското значење на оваа страна од животот, се согласуваат граѓаните. Во тој контекст, една скопјанка вели:

„Не може се да е црно. Според мене, се наоѓа во малите нешта убавина.“
XS
SM
MD
LG