Достапни линкови

Силен лидер во време на војна


Американскиот претседател Џорџ Буш ноќеска ја прогласи победата во досега нај интензивната и тесна трка во американската изборна историја. Сенаторот Џон Кери го призна поразот. Според аналитичарите, Буш за американците е силен лидер во време на војна

Џорџ Буш уште 4 години во Белата Куќа со ветување за намалување на даноците, заживување на економијата и продолжување на демократизацијата на Ирак и Авганистан.

Америка се искажа и јас сум покорен на довербата од граѓаните. Со таа доверба, доаѓа и должноста да им се служи на сите Американци, и ќе се трудам да ја исполнам оваа должност, секојдневно, како ваш претседател.“

Победничкиот говор на Џорџ Буш во Вашингтон се случи еден час откако кандидатот на Демократската партија Сенаторот Џон Кери го призна поразот, ветувајќи соработка.

„Во деновите што прстојат, ние мораме да ја најдеме заедничката кауза и мораме да ги здружиме напорите без гнев. На Америка и е потребно единство.“

Политичките аналитичари рекоа дека Буш успеа да ја крене на нозе својата база гласачи апелирајќи на традиционалните вредности. Не за абортусот, не за хомосексуалните бракови и со подршка на правото на поседување оружје. Патрик Бејшам од Като Институтот сепак смета дека клучно е што американците не сакале, како што вели, да го сменат кољот среде трка.

„Сметам дека тероризмот, националната безбедност, за многумина стана амбвивалентно на лидерството на Буш во тие подрачја. И едноставно не им се менуваше коњотѕ среде трка.“
XS
SM
MD
LG