Достапни линкови

Џорџ Буш останува во Белата Куќа уште четири години


Сенаторот Џон Кери јавно го призна поразот на американските претседателски избори. Тој во Бостон на своите симпатизери им рече дека станува очигледно дека не може да ги добие пресудините гласови во Охајо.

„Немаше да се откажам, ако имаше шанса да победам. Но, станува јасно дека и кога би биле избројани сите гласови во Охајо, а ќе бидат, нема да има доволно гласови за мене за да можам да победам.“

Кери рече дека разговарал со Буш и му честитал, изјавувајќи дека се надева дека ќе почнат со „лекување“ по поделената претседателска трка.
XS
SM
MD
LG