Достапни линкови

logo-print

Надворешната политика кон Македонија нема да се смени


Без разлика кој ќе победи на претседателските избори во САД американската политиката кон регионов и Македонија нема да се промени, изјави во Скопје американскиот амбасадор Лоренс Батлер кој, иако очекуваше, не успеа да им го соопшти победникот на претседателските избори во САД на своите гости.

„Нема разлика помеѓу двајцата кандидати. Ако Буш или сенаторот Кери бидат избрани за претседател, нашата политика кон регионот и кон Македонија не се менува.“

И самите Американци се збунети од изборниот систем во нивната земја:

„Јас сум сигурен дека многу луѓе во републикава вклучително и некои од нашите Американци се збунети со изборниот сѕстем. Во основа тоа значи кој и да победи во Мејн добива три гласа, а ако победите во Охајо добивате 20 гласа. Возможно е како што бевме сведоци во претходните избори, тој што ќе добие повеќе гласови да не биде избран за претседател на САД,“

рече Батлер.

Овој изборен ден на американскиот амбасадор во Македонија ќе му остане во сеќавање бидејќи неговата сестра обезбедила место во локалниот совет во нејзиното родно место со 62 насто добиени гласови:

„Тоа може да предизвика и проблеми за мене кога ќе ја посетам бидејќи таа е деморат, а вие знаете кого претставувам овде. Ќе ми бидат потребни миротворци кога ќе ја посетам,“

изјави во свој стил американскиот амбасадор Лоренс Батлер.
XS
SM
MD
LG