Достапни линкови

Вечерва нема да има прогласување победник


Вечерва нема да има прогласување победник. Ова е најчестата изјава на американските телевизии во врска со изедначените резултати меѓу двајцата претседателски кандидати Џорџ Буш и Џон Кери. Дали Охајо две илјади и четврта станува Флорида две илјадитата.

Последните проекции на резултатите од американските претседателски избори покажуваат дека претседателот Џорџ Буш води пред сенаторот од Демократската партија Џон Кери. Ваквите проекции на телевизиските мрежи се базираат врз таканареченото излезно гласање и врз првичните резултати. Според нив, досега Буш добил двесте пеесет и четири електорски гласови, додека Кери двесете пеесет и два. За некој од нив да го добие наредниот четиригодишен мандат му се потребни двесте и седумдесет електорски гласови. Потсетуваме, на овие избори всушност се гласа за одреден број претставници што ги дава секоја држава кои потоа го избираат новиот американски претседател. Сега сето внимание на јавноста е свртено кон Охајо, сојузна држава која обезбедува дваесет електорски гласови и која на двајцата кандидати им гарантира место во Белата Куќа. Некои американски телевизии јавија дека Буш победил и во таа држава, но, тесно, со само сто и триесет илјади гласови пред Кери.

„Џон Кери и јас им ветивме на американците дека на овие избори ќе бидат избројани сите гласови. Ние ќе го одржиме нашето ветување и ќе се бориме за секој глас.“

Изјави сенаторот на демократите и нивен кандидат за потпретседател Џон Едврадс пред неговите приврзаници во Бостон. Затоа, според некои аналитичари, Охајо две илјади и четврта лесно може да стане Флорида две илјадитата кога Буш со тамошните гласови, по триесетина дена од одржувањето на изборите, стана четириесет и третти американски претседател. На годинашните избори Буш, освен во Флорида, со дваесет и седум електорски гласови, победил и во уште дваесет и седум држави, додека Кери ја добил Калифорнија со пеесет и пет електорски гласови и осумнаесет други држави. Или Буш води со пеесет и пет милиони освоени гласови, односно пеесет и еден процент пред Кери со пеесет и два милиона гласови, односно четириесет и осум проценти. Републиканската партија на Џорџ Буш, според проектираните резултати, води и на делумните избори за Сенатот и на комплетните за Претставничкиот дом, што се одржаа паралелно со претседателските. Така, републиканците и натаму ја задржуваат контролата во двата дома на Конгресот. Интересно е дека Републиканците загубија едно сенаторско место кој го доби демократот Барак Обама од Илиноис, чиј татко е роден во Кенија. Тој ќе биде единствениот црнец во сегашниот состав на Сенатот, и третти црнечки сенатор во досегашната американска историја. Инаку, за вчерашните избори владееше голем интерес и, според пресметките, на нив излегле над сто и дваесет милиони луѓе. Имаше извештаи за некои помали изборни нерегуларности но, како што се додава, тие не влијаеле врз изборните резултати.
XS
SM
MD
LG