Достапни линкови

Само еден насто од населението може да добие вакцина


Само еден насто од вкупната популција во државата во претстојната сезона ќе може да добие превентивна заштита од грип. Градскиот завод за здравствена заштита обезбеди поголеми коалициони вакцини од минатата година, односно вкупно 4,500. Тој капацитет, одговара на реалните финансиски состојби на заводот, но не и на потребите на граѓаните, потврдува Александар Стојанов специјалист епидемиолог и директор на заводот која вели:

„Некои стандарди од СЗО, за да зборуваме за колективен имунитет, којшто ќе придонесе понатаму во превенција на некоја епидемија, треба барем 30 насто од населението, ама тоа се можностите во моментов.“

Минатата година кога заводот обезбеди 3,500 вакцини, интересот за имунизација беше голем. Почетокот на оваа сезона покажаува дека нема промена во трендот. Пред здравствените домови веќе се создаваат редици за вакцинирање, а меѓу првите што пристигнаа се пензионерите:

„65 години имам, стара сум.“
„Исто како децата и ние сме, само што сме возрасни и на нас ни треба.“


Во здравствените инсттитувии потсетуваат дека приоритет во вакцинирањето треба да имаат најчувствителните категории на граѓани Др. Љубомир Стефановски лекар по опста медицина вели:

„Пожелно е сите оние што се оптеретени со срцеви дијагнози, наставници, учениците, се ризични групи, оперираните, често оптеретени со овие заболување, пред се тие.“

Имунизацијата чини 300 денари. Пристигната вакцината во Македонија во меѓувреме беше предемт на критики поради сомневања во нејзиниот кавлитет. Според лекарите таквите посочување во целст се неоправдани.
XS
SM
MD
LG