Достапни линкови

logo-print

Алатка за поддршка на институциите


Извештајот за рано предупредување за Македонија изработен од канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации се базира врз анализи фокусирани во повеќе области како институционална стабилност, економска ситуација, јавна безбедност и меѓуетнички односи и слично. Целта како што велат од УНДП е тој да служи како алатка за поддршка на институциите на Владата, локалните власти и невладините организации во формулирање и имплементација на стратешки политики за понатамошниот развој и стабилност на земјата:

„Тоа дава можност да се идентификуваат шансите и можностите за развој на земјата, а оттука и можност за нејзино приближување кон евроатлантските интегравции,“

изјави Фроде Мауринг од УНДП

Аналитичарите од Македонија кои работеа на овој извештај говорат за констатациите:

„Се наоѓаме во тешка политичка криза, криза на легитимитет на институциите и лидерството и во делот за безбедноста може да се забележат контрадикторности, кога ги прашувате граѓаните, како тие се чувствуваат во изминатите шест месеци, нема влошување на ситуацијата, нема пораст на чувството на лична загрозеност, во смисла на нивниот физички интегритет. Во однос на општата ситуација, секако дека загриженоста расте, иако моите констатации се дека сето ова што се случува е поврзано со севкупната криза и ескалацијата што се манифестира низ референдумот што ни претстои.“

изјави Билјана Ванковска од Институтот за мировни и безбедносни студии. Оттука во контекст на безбедноста во земјава во извешатјот се заклучува

„Постои можност за постреферендумско влошување на целата ситуација. Неопходно е зацрвстување на безбедносните аспекти, неопходна е соработка на регионално ниво,“

изјави Сашо Орданоски уредник во месечниот магазин „Форум“ рече:

За економската состојба во земјава Љупчо Зиков уредник во неделниот вескик „Капитал“ посочува:

„Сите трендови се во надолна линија, сите економски трендови, рејтингот на владеачките партии е во опаѓање, што дава можност да се стравува, дека ако излезе ситуацијата од контрола, владата да го изгуби капацитетот да ги објасни реформите пред граѓаните, бидејќи станува збор за тешки реформи. Структурните реформи се во јавната администрација. Кога таа реформа ќе се спроведе ќе ослободи големи пари во буџетот на Република Македонија, за тие пари потоа да бидат искористени за развој.“
XS
SM
MD
LG