Достапни линкови

Понеделниците најстресни


„Понеделникот брзо поминува, а петокот споро“

Меѓу викендот и понеделничкото чувство дека стартува уште една недела вака отприлика го дефинираат граѓаните почетокот на нова работна седмица. Привилегијата да се биде вработен, повекето од граганите не ги релаксира од грижата за сигурност во смисла на заработувачката, но настрана од ова, чувстовото дека стартува работниот ден, почнува со психичка подготовка уште во неделата, најчесто со мислата ,,нови обврски, уште една недела поблиску до плата, или пак, ке се издржи до петок, па повторно викенд:

„Најтежок ми е понеделник.“
„Почнува неделата, со нови сили, со нови задолженија.“
„Нема смисла животот ако не се работи.“
„Работата е напорна, тешка, ама што да се прави.“


Се работи или не, прашањето како ке се иструка денот карактереистично и за едните и за другите. Додека едни се жалат поради обврските што стартуваат со работната недела, повекето од невработените пак со мисла како да се исполни слободното време и најмногу со грижата како да се исполни слободното време. тешко е без работа, заклучуваат:

„Тмурно е. Како времето, така и ние.“
„По продавници, по пазари, нема пари.“
„Чувството е безнадежно, за нешто барем во блиска иднина дека може да се очекува. Вечер седење покрај компјутер или телевизор, дење спиење.“
XS
SM
MD
LG