Достапни линкови

Проблеми и за македонската економија


Доколку и понатаму продолжи трендот на паѓање на вредноста на американскиот долар, и растот на цредноста на еврото, македонската национална економија ќе се соочи со сериозни проблеми, тврди професорот по економија Тихомир Јовановски:

„Со оглед на тоа што вредноста на еврото во меѓународните плаќања расте, гледано од аспект на македонската економија, има негативни последици. Претпријатијата што извезуват во САД ќе имаа чисти губитоци, а претпријатијата кои увезуваат од САД ќе имаат доста проблеми.“

Во вакви услови, кога поради неповолната интер-валутарна вредност на денарот, македонскиот извоз е дестимулиран како единствен лек што во моментов може да се употреби, Јовановски препорачува, релаксирање на монетарната политика:

„Без оглед на одлуката и договорот со ММФ, владата треба и да го почитува договорот и нека го држи фиксен курсот на денарот, ама има мерки и инструменти со коишто може да се ублажи тоа, бидејќи е во интерес на националната економија на Република Македонија.“

Според моменталните меѓународни економски односи, Јовановски предвидува натамошен пад на вредноста на доларот, и во исто време раст на вредноста на еврото:

„Верувам дека ќе има уште поголемо опаѓање во моментот кога ќе почнат да откажуваат големите корисници на доларот, како меѓународна резервна валута и како меѓународно средство за пресметување и плаќање. На негово место, се повеќе оди еврото, а во последно време и јапонскиот јен.“

Ситуацијата може да биде уште понеповолна за американскиот долар, доколку азиските земји ја задржат високата стапка на економски раст:

„Јакнењето на стопанството на Кина и Русија, заедно со јакнењето на Јапонија и другите земји од далечниот исток, нема да оди во интерес на доларор.“
XS
SM
MD
LG