Достапни линкови

logo-print

Фридрих Бауер, шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР. Референдумската кампања до сега спокојна и мирна


Господине Бауер, една недела пред гласањето, како ја оценувата пред рефередумската кампања?

Наш впечарток е дека кампањата досега е спокојна и мирна. Таа во основа се бави со домашни теми, но за сега и меѓународни прашања. Очекувам и би сакал да остане така мирна и спокојна. Во секој случај начинот на кој таа досега се одвива е секако мошне цивилизиран.

Во ваш мандат е следењето и на медиумското покривање на кампањата. Дали ваквата оценка се однесува и на тој сегмент?

Во рамките на мисијата на ОДИХР постои дел кој спроведува мониторинг на медиумите. Методологијата која се применува е стандардна и иста како и во претходните изборни циклуси. Она што го забележавме е дека голем спектар на медиуми им обезбедуваат на гласачите информации во врска со рефередумот вклучувајќи ги пропагандната активност, коментарите за законот за територијална организација како и консеквенците на резултатите од гласањето и соопштенија на ралични политички партии. Но, како што реков претходно за кампањата главно се се одвива спокјно и мирно. И се надеваме дека така и ќе остане.

Во извештајот на експертите што претходеше на доаѓањето на вашата мисија се наведува дека рефередумот има потенцијална опасност за стабилноста на земјата. Дали кампањата и воопшто ситуацијата околу рефередумот досега ги потврдила ваквите оценки?

Ако вака мирната кампања продолжи и рефередумот биде спроведен на ист начин мое лично мислење е дека нема да има директно влијание на стабилноста на земјата во долгорочна смисла на зборот.

Претпоставувам без оглед на резултатот од гласањето. Ве прашувам затоа што постои запрашаност што после рефередумот

Резултатот на рефередумот за нас не е важен. За нас е сеедно дали одговорот на рефередумското прашање е негативен или позитивен. Ние секако ќе го прифатиме. Она што е нашата основна цел е рефередумот да биде спроведен на демократски и фер начин.

Ваква оценка му дадовте и на последниот изборнен циклус, но дадовте и некои забелешки и сугести. На пример, констатирате појава на сериозни нерегуларности потоа дадовте сугестии за потребата од префсионализација на Државната изборна комисија, на пример. Во меѓувреме тие не се спорведени, можеме ли да очекуваме истите нешта да се повторат и во оценката за рефередумот?

Ние уште 2002 по парламентарните избори сугериравме професионализација на ДИК односно формирање секретаријат на државната изборна комисија. Тоа ќе и овозможеше на ДИК да ги решава сите технички прашања околу изборите и ќе можеше да се фокусира на подбрување на изборната администрација се во насока, а тоа беше исто наша препорака, да се спречат појави на измама и злоупотреба. Нема напредок во таа смисла . Нема постојан секретаријат и досега иако се надевам дека тоа ќе биде сторено некои политичари не излегоа со јавна осуда на појавите на измамите и нерегуларностите што ние ги регистриравме на втората рунда од претседателските избори. При тоа и во Уставот е предвидено односно дадена е можност за санкционирање на одговорните или кршителите на законот но тоа исто така не е направено досега.

Не е направена и ревизија на единствениот избирачки список. Опозицијата реагира. Таква препорака ОДИХР даде и претходно?

Да во последниот извештај соопштивме дека бројот на луѓето што се заведени во избирачкиот список а повеќе не живеат во државата е некаде ако точно се сеќавам пет до седум насто. Сега се спомнуваат многу бројки, опозицијата говори за двесте илјади, другите велат поинаку. Но, едно е сигурно. Единствениот изборачки список мора да биде проверен. Оние што ја напуштиле Македонија мораат да бидат избришани од него. Според мене тоа требаше да биде направено. Јас разбирам зошто опозицијата е толку критична за таканаречените двесте илјади доколку тоа е точна бројка. Во принцип тие се во право затоа што така се намалува можноста за достигнување на потребниот цензус, за успех на рефередумот бидејќи на него треба да излезат педесет насто плус еден од електоратот.

Одговорот за тоа е претпоставувам недостаток од време меѓу два изборни циклуса. Мислите дека тоа е доволен аргумент?

Несомнено тоа е еден од факторите бидејќи за овие работи е потребно време, но мислам дека овие препораки не треба да се игнорираат по рефередумот. И ако можам да додадам јас очекувам од политичките партии од врвните политичари да кажат неколку збора против измамите и кршењето на законот.

Такви изјави постојат особено од страна на опозицијата. Тие не само што се залагаат туку и предупредуваат од можни измами и фалсификати. Имплицирате дека тоа недостасува од страна на оние што се против рефередумот?

Мислам дека сите треба да декларираат такво нешто. Сите без исклучок дури и тие што бараат од своите приврзаници да не учествуваат на рефередумот. Тие исто така треба да излезат со заедничка декларација против злоупотреби и фалсификати, не само опзоцицијата или владата туку сите.

Во вашиот мандат е и оценка на законската рамка во случајов на референдумот. Сведоци сме на доста недоречености, ситуации на ад хок решенија, се отвораат некои прашања. Што мислите вие?

Законската рамка не рефередумот се базира врз два закона . Оној за референдум и граѓанска иницијатива усвоен 99-тата и законот за избор на пратеници.Тоа се разбира ја прави законската рамка некомплетна. Ние мислиме дека многу од недостатоците можат да бидат надминати со еден консолидиран и унифициран изборен систем на правила. Тоа се покажа и со претседателските избори. Но, се разбира свесни сме дека меѓу претседателските избори и овој рефередум што дојде за многумина како изненадување немаше доволно време за консолидирање на легислативата. Оттаму, ОДИХР ќе ја повтори оваа препорака . Кога таа ќе биде имплементирана не зависи од нас.

Да се вратиме на вашата мисија. Познато е ОДИХР ќе има околу двесте набљудувачи на денот на гласањето. Има ли измени во мандатот, методологијата на набљудувањето со оглед на тоа дека следите рефередум, а не избори?

Нема ралзлика меѓу методологијата со која ги следиме изборите или рефередумите. Таа е иста, тоа е таканаречен метод на примерок. И вообичаено ќе имаме прес конференција ден по гласањето и ќе објавиме прелиминарен извештај како што тоа постојано го правевме

Најавивте и тоа предизвика силни реакции на опозицијата дека вашите набљудувачи ќе бидат сконцентрирани на источниот дел на земјава?

Најпрвин јас никогаш не кажав дека нашите набљудвувачи ќе бидат само во источниот дел на земјата. Тие исто така ќе бидат распореднеи и во западниот дел. Но, концентрацијата на набљудувачите од демографски причини ќе биде во источниот дел

Но, забалешките се господине Бауер дека со тоа практично демонстрирате став оти Албанците кои живеат претежно во западниот дел нема да гласаат, па оттаму нема потреба од набљудување на западните градови?

Тоа е нешто што мене ми е кажано од политичките партии. Тоа не е моја измислица. Планот на распоредувањето го направивме во согласност со бројот на набљудувачите и потребите на мисијата. Тие се базирани врз принципот на непристрасност и неутралност безоглед на коментарите од надвор.
XS
SM
MD
LG