Достапни линкови

Зголемување на продуктивноста на трудот


„Ќе спиеме еден час повеќе, така?“

Овој тип доживување на ефектите од поместување на стрелките на часовникот главно како задоволство од тоа што останува еден час повеќе време за сонување сепак не ја објаснува вистинката причина поради што се практикува така нареченото зимското мерење на времето. Неговата генеза е во капитализмот, кога индустријалците за да добијат поголеми ефекти во процесот на трудот ги прилагодиле стрелките на часовникот според дневната светлина што зиме трае покусо. Тоа значи оти таквата мерка треба да овозможи подобри ефекти и во македонските производствени процеси. Во тој контекст професорот по економија Ванчо Узунов вели:

„Овозможува затоа што се добива повеќе работно време под светлина.“

Но, ефиксноста во работењето што треба да ја овозможи зимското сметање на времето е прашање што на микро план може различно да се толкува во зависност од оргнизираноста на процесот на трудот и на работното време од компанија во компанија. Македонските граѓани во тој дел со критики:

„Поминете во 10 часот низ некои трговски центри имате фирми неотворени, а работното време треба да се почитува и наутро и навечер.“
„Кај нас кафето и паузата се најважни.“


Примерите како овие во психологијата на македонските граѓани го релтивизираат прашањето на поширокото значење на движењето на стрелките според европскиот часовник. Во едно пошироко видување за соодносот на европското работно време и македонските производствени процеси - шрофесорот по економија Михаил Петоковски вели:

„Треба да работиме подобро и поорганизирано, сказалките може да ги свртиме и напред и назад, ама клучно прашање е да создадеме производи кои ќе не легитимираат.“
XS
SM
MD
LG