Достапни линкови

logo-print

Потребно е трпение, разбирање, разум


Едногласна е констатацијата на експертите дека рефередумот повторно актуелизира некои барем досега навидум смирени прашања како меѓуетничките односи и влијае во насока на нивно повторно отворање.

„Тоа е феноменот на незадоволството што се појавува секогаш кога едните треба да отстапат од нешто, во корист на другите,“ објаснува професор Мирјана Малевска:

„Зад ова решение на законот за територијална поделба се собира сето кумулирано незадоволство и на тој бран на незадоволство јава и еден македонски национализам. Како реакција на тоа, веднаш на другата страна се јакне национализмот на другата етничка заедница и тоа не води кон воспоставување мир и стабилност во земјата.“

Коментирајќи ја состојбата на меѓуетничките односи, меѓу двете најголеми етнички заедници во земјава аналитичарот Хисен Рамадани вели:

„Ако референдумот нема за цел да биде почеток на рушење на рамковниот договор тогаш имаме шанса и да успее и да не успее референдумот, да најдеме некои решенија кои се за доброто на сите. Ако, како што мислат голем дел на Албанците, дека референдумот е само почеток за да се рушат темелите на Рамковниот договор, тогаш не само што ќе ги заострат, туку ќе ги доведат до крајна загреаност сите релации.“

Смирувањето на ситуацијата по прашањето на мегуетничките односи „надразнети“ од референдумот, и евентуалната контрареакција од другата етничка заедница, најмногу ќе зависи од баланисрањето на целата негативна енергија од страна на политичкиот фактор во земјава:

„Што значи тоа? Во случај на успешен референдум, албанската етничка заедница и особено нејзините лидери, треба да покажат трпение, разбирање, разум,“

заклучува Професор Малевска.
XS
SM
MD
LG