Достапни линкови

Париз: Денеска започнуваат медицинските прегледи на Арафат


Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска во Франција, како што јавуваат агенциите, треба да ги започне неколкудневните медицински прегледи со цел да се утврди дали тој болува од леукемија или од некое друго нарушување на крвниот систем. Седумдесет и пет годишниот Арафат вчера пристигна во една болница во близина на Париз, специјализирана за третирање на крвните заболувања. Неговите советници претходно демантираа дека Арафат болува од рак.
XS
SM
MD
LG