Достапни линкови

Вашингтон: Видео снимка на Осама Бин Ладен пред американските избори


Лидерот на Ал Каида Осама Бин Ладен на видео снимката што синоќа ја објави арапската телевизија Ал Џезира, предупреди дека политиката на американскиот претседател Џорџ Буш на Блискиот исток провоцира нови терористички напади врз Соединетите Држави. Тоа е прва негова снимка по една година и во неа тој јавно призна дека ги наредил нападите на единаесети септември две илјади и првата поради, како што вели, неправдата што ја трпат либанците и палестинците од страна на Израел и Соединетите Држави. Во првата реакција на видео снимката Џорџ Буш изјави дека терористите не можат да ги исплашат ниту пак да имаат некакво влијание врз Американците.
XS
SM
MD
LG