Достапни линкови

logo-print

Близината на косовскиот пазар и неговата неосвоеност атрактивни за македонските производи


Косовскиот, е еден од пазарите на кој македонските компании најмногу извезуваат. бизината меѓу двете држави, сличноста на големината на пазарот, како инеговата неосвоеност за разлика од земјите од Европската Унија, е главната причина за присутноста на македонските производи во Покраината:

„Вкупната трговија годишна е околу 130 милиони долари, со суфицит на македонска страна околу 100-тина милиони.“

изјавува Гоце Пачемски портпарол на Министерството за економија. Покрај одличната извозна трговија кон Косово, охрабрувањето на македонските компании за инвестиции во Покраината е политика на која македонските власти во моментов работат.

Трговијата меѓу Македонија и Косово, во моментов се одвива според Договорот потпишан меѓу Македонија и Србија и Црна Гора, но времето покажува дека е потребен нов договор, велат од Министерството за економија од каде потенцираат дека евентуалното потпишување на Договор за слободна трговија ќе се склучи со УНМИК, со што би се анулирала политичката димензија со проблемот околу статусот на Косово.

Материјали за градежништвото,хемиските производи и прехрамбените призводи, се најмногу присутни на косовскиот пазар. Македоснките стопанственици за атрактивноста на косовскиот пазар велат:

„Извезуваме значајни количини таму, и за нас е интересен многу, како и секој близок пазар,“

потенцира Савка Димитрова директор на фабриката за чоколади „Европа“.
XS
SM
MD
LG