Достапни линкови

logo-print

Нискиот стандард ја диктира основната боја на македонското секојдневие


Социјалниот аспект, кој од година во година продолжува да ги притиска чувствата на македонските граѓани, создава атмосфера во која низ призмата на нискиот стандард се доживуваат и колоритите што ги носат годишните времиња. Под тој диктат се градат асоцијации и за претстојната сезона на грејни тела:

„Зимата – сива.“

Основната боја на македонското секојдневие и ја диктираат низа неповолни фактори во социјално – економскиот живот, како невработеноста, отпуштањата од работа и паѓањето на животниот стандард. Од овие причини, независно од метереолошките прилики, за многумина секојдневието кое во зима по правило е бело, станува сиво:

„Некои немаат пари, храната е скапа.“
„Како што одевме на летување одевме и на зимување, сега тоа е мисловна именка.“


Меѓу можностите и реалните прилики што ги носи претстојната зима, просечните македонски граѓани продолжуваат да живеат во носталгија, сеќавајќи се на старите добри времиња:

„Се земаа канти со сирење, се земаа полутки и зимата се поминуваше многу побогато и понеосетно, бидејќи сите тие се земаа со плаќање на рати, така што не се чувствуваа многу. Сега мора да се купува се од ден на ден.“

Дали во тој магичен круг на сеќавања ќе помине уште една сезона од 14 годишниот период на транзиција во Македонија:


„15 години стоиме во место, да не речам се враќаме назад.“
XS
SM
MD
LG